На покана на албанскиот претседател Илир Мета, утре во дводневна официјална посета на Албанија ќе допатува принцот Алберт Втори од Монако.
Во соопштението од Кабинетот на Мета, се наведува дека принцот Алберт Втори ќе биде пречекан од шефот на албанската држава со сите државнички почести, по што ќе следува средба на делегациите на двете земји.
Планирани се средби на принцот и со други високи албански личности.
За време на посета на принцот Алберт на Албанија ќе биде потпишан договор за соработка помеѓу министерствата за надворешни работи на двете земји, како и договор за финансирање на заштита на природни ресурс имеѓу Монако и Регионалната администрација на заштитените подрачја на Валона.
Фото: EPA/LUKAS LEHMANN