Британскиот принц Вилијам се сретна со победничката на Евровизија, Нета Барзилиа.
Тие заедно прошетале по булеварот Ротсчилд во Тел Авив и се напиле сок пред еден од најстарите киосци во градот.
Илјадници луѓе се собрале за да ги поздрават преку оградата поставена од полицијата, извикувајќи „Те сакаме Вилијам“, пренесуваат агенциите.
Војводата од Кембриџ пота посетил еден музеј, разговарал со младите од Израел, со уметници и предприемачи.
Принцот во вторникот бил на фудбалски натревар во Јафа и на прием во резиденцијата на британскиот амбасадор.