Музичарот Брајан Адамс гостувал во емисијата „Погледнете што се случува“ на Енди Коен и првпат, всушност, зборувал за својот однос со трагично починатата принцеза Дијана.
Пејачот рекол дека навистина биле многу блиски и добри пријатели, а останал затекнат кога водителот го прашал дали биле нешто повеќе од пријатели. На тоа прашање Адамс едноставно не сакал да одговори.
Коен му рекол на Адамс дека батлерот на принцезата тврди дека Адамс скришно влегувал во палатата за да се гледа со принцезата Дијана.
– Каква, всушност, беше вашата врска? – прашал водителот, а Адамс одговорил:
„Бевме големи пријатели. Не влегував скришно во палатата, едноставно одев кај неа. Да, бевме пријатели.“
Водителот се обидел да дознае дали постоел и љубовен сегмент во овој однос, но музичарот вешто избегнал да даде одговор, не рекол ни „да“ ни „не“.