Приклучете се кон новиот глобален предизвик кој почнува од 22.мај, а ќе трае до 5.јуни и не користете пластични кеси, прибор за јадење, пластични чинии, чаши, шишиња, сламки во период од две недели.
Исто така, избенувајте ги производите кои имаат пластична амбалажа и кои не можат повторно да се користат како и хигиенски производи кои имаат пластична амбалажа. Во овие две недели, не нарачувајте храна од рестораните и така избегнете го пластичниот прибор за јадење!
И ние ја поддржуваме иницијативата на француската агенција No plastic in my sea, бидејќи секој од нас може барем на две недели да се откаже од еднократна пластика, а по истекот на рокот од две недели ќе сфатите колку навистина можете да го намалите нејзиното користење во секојдневниот живот.
Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pixabey