Приказна за традиционалните хрватски „папрењаци“

Папрењаци, пиперњаци... традиционалните хрватски колачи кои баш и немаат некој соодветен македонски превод, на островот Хвар се правеле цели пет века, но неодамна од државата си заминала единствената Хваранка која ги изработувала рачно, на традиционален начин

165

Ги видовме во некои продавнички за сувенири и не потсетија на на оние светски познати колаченца од ѓумбир кои во светот обично се прават за Нова година и за Божиќ.

Но иако потсетуваат, овие колачи за кои велат дека на островот Хвар се прават веќе пет века (еден од првите записи за староградските папрењаци е од 16.век), во минатото најчесто ги правеле мајките и жените за своите синови и мажи поморци бидејќи тие немаат рок на траење.

Некои од постарите жители на Хвар велат дека на времето служеле и како природен барометар: кога ќе омекнат, се знае дека ќе дува југ и дека ќе врне дожд, а ако се стврднат, ќе сврти на бура.

Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.

Фото: Пинтерест

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...