За мајсторите обично важи она, дека е најдобро никогаш да не ви затребаат затоа што од една белја за која сте ги повикале, на крајот ќе излезат барем уште две-три, а откако ќе си заминат, веројатно водата пак ќе протече, плочките ќе паднат или, во најдобар случај, после нив ќе чистите два дена и две ноќи.
Но тие се сепак, неизбежни затоа што некогаш некаде нешто сигурно ќе се расипе или пак нешто ќе треба да се направи, па тогаш ќе се чудите каде да најдете мајстор од доверба. И почнувате да вртите по роднини, по соседи и пријатели и да прашувате да не знае некој од нив добар водоводџија, плочкар, електричар и слично.
Тие пак, се недопирливи, речиси како нашите министри. Де се зафатени, де имаат работа, де немаат време,…
Ако најдете некој преку „врска“, од што му е непријатно да ве одбие (затоа што, како што обично велат: не се исплати за ваква ситница да си го губам денот), ќе ви „опне“ цена со надеж дека го одбиете. Ако сте незналица за чинењето на мајсторските услуги како мене, може и да прифатите.
По неколку недели, ако имате среќа, мајсторот ќе ви се јави и ќе го слушнете неговото долгоочекувано: доаѓам во 8 сабајле!
Така кај мене дојде мајстор Гоце Спирковски.
Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.