Грчката полиција претпладнево во Солун приведе 44 илегални мигранти и двајца осомничени организатори на нивниот транспорт.
Полицајците ја спровеле акцијата откако пред едно складиште забележале паркиран сомнителен камион. Додека траела проверка на каминот, од складиштето излегол еден 34-годишен странски државјанин, а набргу потоа бил откриен и негов 27-годишен сонародник.
При претресот на складиштето полиајците ги пронашле и 44-та мигранти, кои пред неколку дена илегално влегле во Грција преку грчко-турската граница, а денеска со камионот биле довезени во Солун, за што на двајцата приведени странски државјани им платиле одреден паричен надомест.
Мигрантите им се предадени на служебници на Одделот за управување со миграција при грчката Дирекција за странци, додека двајцата странци се уапсени под обвинение за шверц на луѓе.
Националноста на приведените странски државјани, како и на мигрантите не е соопштена.