Приведени Анабела и Андреј, ја удрил со тупаница во главата (ФОТО)

889

Полицијата ги привела пејачката Анабела и нејзиниот сопруг Андреја Атијас поради семејно насилство.

Имено, Анабела, според неофицијални информации, пријавила во полицијата дека нејзиниот сопруг утрово околу четири ласот ја удрил. Како што навела, таа се скарала со сопругот Андреја поради кучето кога тој со тупаница ја удрил во главата. Како што дознава „Курир.рс“, и Анабела во турканицата го изгребала.

Се претпоставува дека Андреј бил пијан. Полицијата ги привела двајцата и веднаш биле сослушани.

Како што дознва „Курир.рс“, нема да биде покрената кривична пријава против Андреј, бидејќи Анабела нема да кривично да го гони. Двојката се смирала во полицијата. Меѓутоа, со оглед на тоа дека таа го пријавила за семејно насилство, се разгледува можноста да се изрече итна мерка за забрана на приоѓање.

Анабела и Андреј ја имаат ќерката Бланкица, додека пејачката со Гаги Џогани ги има ќерките Луна и Нина.

Анабела Атијас, на која ова ѝ е втор брак, и порано трпела насилство во семејството. Пејачката раскажала дека 14 години трпела насилство во бракот со Гаги Џогани.

Фото: Курир.рс/Дамир Дервишагиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...