Претставничкиот дом ќе гласа за импичмент на Трамп

59
ФОТО: EPA / JIM LO SCALZO

Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси објави дека долниот дом на Конгресот денеска ќе гласа за импичмент на претседателот Доналд Трамп.

Пелоси ги повика сите конгресмени демократи да присуствуваат на таа седница.

„За жал, фактите објаснуваат дека претседателот ја злоупотребил својата службена должност за своја лична и политичка корист и дека ја опструирал работата на Конгресот инсистирајќи на тоа дека тој нема да биде одговорен и дека е над Уставот и американскиот народ. Никој во САД не е над законот “, се вели во изјавата на Пелоси.

„Претставничкиот дом денеска ќе искористи едно од најсериозните овластувања дадени со Уставот на САД и ќе гласа за усвојување на две основи за импичмент на американскиот претседател“, додаде таа.

ФОТО: EPA / JIM LO SCALZO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...