На „Денови на српската култура во Македонија“ во организација Српскиот културно информативен центар СПОНА, на 6 и 7 декември во МНТ во 20 часот ќе се одржи претставата „Реалисти“ .
Текстот е на белградската авторка Јелена Кајго, режија Срѓан Јаниќијевиќ. Дел од проектот се и екипа на млади актери од Македонија (Ивица Димитријевиќ, Нина Деан Гачиќ, Владимир Петровиќ, Ивана Павлаковиќ, Стефан Вујисиќ), кои заедно со Јаниќијевиќ со голема смелост и енергија влегоа во реализација на од неколку аспекти големиот предизвик и пионерски проект.
Станува збор за драма која третира повеќе современи теми. Оттуѓеноста на луѓето, нивната трка по финансии и престиж во машината на капитализмот каде парите се над и пред се. Вртоглаво секојдневие во натпреврот за “Успех во животот“ по цена на нарушено здравје, отсуство на емоции и љубов, нечовечност….
Во низата активности за 2018 годиниа освен претставата „Реалисти”, предвидена е и ликовна и фото изложба на делата на сликарите: Мирослав Масин, Микица Трујкановиќ, Љубица Мијалковиќ, Лидија Вујисиќ, Мирко Вујисиќ, Јовица Мијалковиќ, потоа, фотографиите на Боре Рудиќ, Јасна Суша и Лука Суша. Како и карикатурите на покојниот Дар Мар – Дарко Марковиќ, со што се заокружува овогодинешната продолжена манифестација на Културниот Центар Спона – „Денови на српската култура во Р.Македонија“.