На малата сцена во Македонска опера и балет вечер ќе биде изведена претставата „Марија Калас – Час“ – Теренс Мекнели во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“ 2018.
Режијата и преводот е на Урсула Хорнер, костимографија Марија Пупучевска, графички дизајн Марија Ветероска, светло дизајн Васко Лисичов.
Во претставата настапуваат Надежда Рубен, Андреја Наунов, Марија Наумовска, Александра Лазаровска Василевски, Влатко Груевски, Зоран Данилов.
Оперската дива Марија Калас, гламурозна, смртно сериозна од една страна и со доза на сув хумор од друга, држи час по пеење во реномираниот универзитет „Џулиард Скул“во Њујорк. Зависно од настапот на студентите и моменталното расположение, повикано од сеќавањето на сопствениот живот, се однесува потполно непредвидливо.
Вклучувајќи ги нејзините инспирации, стравот да не биде „грдото пајче“, омразата кон нејзините конкурентки, притисокот на првите претстави, триумфот во „Ла Скала“, како и нејзината афера со Аристотел Оназис, кулминира со монолог за нејзиното саможртвување во името на уметноста.
Во 1996 год. претставата беше наградена со „Драма Деск Авард“ за најдобра нова драма и „Тони Авард“ за најдобра драма.