Претседателот на Уганда сака да го забрани оралниот секс промовиран од странци

Претседателот на Уганда обвини „странски служби“ дека се обидуваат да ги убедат луѓето во Уганда да имаат орален секс и издаде јавно предупредување.

245

Претседателот на Уганда, Јовери Мусевени изјави дека сака да забрани граѓаните на таа држава да имаат орален секс, со образложение дека „устата е за јадење“.

Тој обвини „странски служби“ дека се обидуваат да ги убедат луѓето во Уганда да имаат орален секс и издаде јавно предупредување.

– Дозволете ми да ја искористам оваа можност и јавно да ги предупредам нашите луѓе на некои лоши пракси во кои се впуштаат и кои ги промовираат странци. Една од нив е тоа што го нарекуваат орален секс. Устата е за јадење, не е за секс – истакна Мусевени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...