Претседателот на Нигерија – прв африкански лидер кај Трамп

25

Претседателот на Нигерија Мухамаду Бухари е прв лидер на една африканска земја кој е пречекан од страна на претседателот на САД, Доналд Трамп во Белата куќа.

На средбата со Бухари, Трамп констатираше дека екстремистичката група Боко Харам претставува „ужасен проблем“ за Нигерија.

Бухари им се заблагодари на САД за нивната посветеност во борбата против тероризмот и порача дека акцијата на САД многу ѝ помогнала на неговата земја.

Се очекува двајцата лидери, за време на состанокот во четири очи и работниот ручек, првенствено да разговараат за безбедносните и економски прашања.

Трамп и Бухари, исто така, треба да се обратат на прес-конференција.

Трамп минатата година предизвика бес во Нигерија, кога, наводно, кажа дека граѓаните на Нигерија не би сакале да се вратат во своите „колиби“ ако им се дозволи да влезат во САД.

Бухари е еден од двата африкански лидери, кои Трамп ги повика по преземањето на функцијата, покрај претседателот на Јужноафриканската Република.

Фото: EPA/SHAWN THEW 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...