Претседателот на Мјанмар Вин Мјинт помилува повеќе од 8.500 затвореници, вклучувајќи и триесетина политички затвореници.
Претседателот на Мјанмар амнестира 8.490 државјани на Мјанмар и 51 странски државјани.
Помилувањето се совпадна со мјанмарската традиционална Нова година, која беше вчера.
Портпаролот на претседателот соопшти дека се амнестирани затвореници кои се стари и болни, како и престапници поврзани со наркотици.
Светските агенции наведуваат дека, иако е наречена амнестија, се работи за масовно помилување, затоа што опфаќа само затвореници кои веќе се осудени. Затоа мала е веројатноста дека ќе бидат ослободени и двајца репортери на Ројтерс, на кои треба треба да им се суди поради поседување тајни официјални документи.