Претседателот на американскиот Врховен суд Џон Робертс вчера го бранеше федералното правосудство, еден ден откако претседателот Доналд Трамп го нарече судијата кој донесе пресуда против неговата политика за азил – „судија на Обама“.
– Немаме судии на Обама или Трамп, Буш или Клинтон. Имаме исклучителна група посветени судии кои прават се што можат за да бидат правични кон сите. Сите би требало да бидеме благодарни на независното судство – наведе Робертс во соопштение.
Ова е првпат Робертс, кој претседава со деветчлениот Врховен суд, јавно да одговори на честите критики од страна на Трамп кон федералните судии.
Трамп во вторникот го критикуваше окружниот судија Џон Тајгер од Сан Франциско кој еден ден претходно привремено го блокира спроведувањето на неговата уредба со која на мигрантите који нелегално влегуваат во САД од Мексико им се забранува да поднесат барање за азил.
ФОТО: EPA-EFE / MICHAEL REYNOLDS