Во говор по повод 74-годишнината од независноста на Индонезија, претседателот Џоко Видодо денеска официјално му предложи на Парламентот план за преместување на Џакарта, главниот град на пренаселениот остров Јава, на островот Калимантан (Борнео).
– Барам ваша дозвола да биде преместен главен град на (островот) Калимантан – рече Видодо, кој ќе положи заклетва за втор мандат во октомври по победата на изборите во април.
„Главниот град не е само симбол на националниот идентитет, тој исто така дава идеја за напредокот на земјата. Преселбата е неопходна за да се постигне економска еднаквост и правда“, додаде индонезискиот претседател, без да прецизира каде точно ќе се наоѓа новиот главен град.
На 2 август, владата на Индонезија го утврди планот за преместување на главниот град – проектот се проценува на 32,5 милијарди долари, а изградбата треба да започне во 2021 година. Сегашниот главен град Џакарта има големи проблеми заради застарената инфраструктура