Сенатот на Аргентина одобри молба на судија за извршување претрес на имотот на поранешната претседателка Кристина Кирхнер во рамки на истрага за корупција.
Одлуката беше одобрена од сите 67 сенатори.
Киршнер е обвинета за учество во корупциска шема додека била на власт од 2007 до 2015 година.
Федерален судија побара да се изврши претрес во нејзината куќа во провинцијата Санта Крус и нејзиниот стан во Буенос Аирес.