Претепана британска студентка во Сплит, не сакала да плати повеќе од договореното

646

Британската студентка Лора Денмар била претепана во Сплит, бидејќи одбила да плати повеќе пари отколку што платиле однапред за сместувањето кое го резервирале во Сплит, пренесуваат медиумите.

Лора Денмар (26) била брутално претепана, а нејзиното момче било нападнато со метална шипка.

Студентката по драматургија на Кралскиот колеџ за драма во Лондон со момчето Џереми Лафонд (39), била на летување во Хрватска минатиот месец.

Тие букирале сместување преку онлајн агенција. Меѓутоа кога стигнале во Стариот Град во Сплит, им било јасно дека нешто не е во ред. Им рекле да ги земат клучевите за собата од друг хостел, а потоа оделе до апартманот на друг крај од населбата.

– Кога стигнавме таму сфативме дека ова воопшто не е легално – имаше 30 кревети, едно веце и ниту еден вработен за одржување на местото. Немавме каде да одиме и веќе имавме платено од напред и решивме да останеме. Последниот ден, дојде една чистачка и ни рече дека мора да платиме повеќе или да заминеме веднаш. Ѝ реков дека тоа не е логично и одбив да ѝ дадам повеќе пари, а таа ни рече дека ќе викне полиција ако не заминеме веднаш. Знаев дека тоа што го прави е нелегално и ѝ реков слободно да викне полиција. Наместо тоа, таа викна еден човек за кој сметаме дека е сопственикот на хостелот. Решивме веднаш да си заминеме, но наместо тоа, таа ни ја заклучи вратата и не смеевме да заминеме додека не дојде човекот – раскажa Денмар.

– Кога дојде, го приклешти Џереми до ѕидот, а жената и уште еден маж почнаа да ме маваат со метална шипка. Беше ужасно.-додаде студентката.

Денмар има тешка повреда на главата, скршена рака и модринки по целото тело.

Веднаш го пријавила случајот во хрватската полиција.

Исто така поднела жалба до агенцијата преку која го букирала сместувањето.

Таа стравува дека и други странски туристи би можеле да наседнат на овој „матен бизнис“ и затоа ја раскажува јавност нејзината приказна.

Полицијата во Сплит го потврди случајот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...