Престара си да го носиш тоа: Холивудската актерка искритикувана поради моден детаљ

Легендарната британска актерка, Хелен Мирен, на својот профил на Инстаграм објавила фотографија на која може да видиме како изгледа нејзината дневна комбинација.

323

Холивудската дива, 73-годишната актерка Хелен Мирен, добила многу критики поради изборот на нејзиниот аксесоар.

Легендарната британска актерка, Хелен Мирен, на својот профил на Инстаграм објавила фотографија на која може да видиме како изгледа нејзината дневна комбинација.

За разлика од изданијата на црвенит тепих, Хелен носела едноставна гардероба, поточно црни панталони и тесна маица со долги ракави во пастелна нијанса, додека на грбот носела црн кожен ранец.

Токму овој аксесоар на сите им паднал во очи, судејќи по реакциите на корисниците на интернетот, на многумина не им се допаднал.

„Не, не, не, Хелен. Ти си толку убава и совршена. Зошто го носиш тој ранец? Одамна немаш 19 години“, „Како што гледам, си се вратила во училиште“, „Престара си да го носиш тоа“, се само дел од коментарите.

Други пак, се „фатиле“ за цената на овој ранец (395 фунти), зад кој се потпишува американскиот луксузен бренд „Tumi“, истакнувајќи дека „тоа е претерување“.

Фото: Инстаграм/Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...