Пресечен кабелот на жичарница, паднале 30 кабини во Ванкувер

215

Повеќе десетици кабини на жичарница во близина на Ванкувер паднале на земја откако бил пресечен кабелот кој ги носи гондолите, соопшти канадската полиција, сомневајќи се дека станува збор за вандалски чин.

Нема повредени лица, бидејќи жичарницата „Си ту скај“ во времето кога се случил инцидентот, околу 04,30 часот по локално време, не работела, објави Си Ен Ен.

– Сметаме дека каблите се пресечени и дека станува збор за намерен вандалски чин – изјави претставничката на полицијата Кара Триенс.

Телевизијата Си Би Ес наведува дека паднале речиси сите 30 кабини, чија намена е на туристите да им го долови од воздух изгледот на тој дел од Британска Колумбија и бројните водопади.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...