Турската полиција ќе ја пребара резиденцијата на саудитскиот конзул во Истанбул во рамките на истрагата за исчезнувањето на саудискиот новинар и дисидент Џамал Кашоги.
Се очекува денеска истражители да ја пребараат и зградата на Козулатот.
Кашоги исчезна на 2 октомври, откако влезе во Конузлатот на Саудиска Арабија во Истанбул, за да добие документи за венчавка. Турските власти и вереницата изјавија дека тој воопшто не излегол од зградата. Постои сомневање дека Кашоги, кој бил критичар на власта во Ријад, можеби е убиен.
Екипа истражители од турската полиција и обвинители синоќа извршија претрес со согласност на саудиските власти, кој траеше осум часа.
Таквиот претрес претставува вонреден настан, имајќи предвид дека конзулатите и амбасадите уживаат неприкосновеност според Виенската конвенцијa.