Пресврт, милијардерот педофил е убиен?

Неговото стручно мислење противречи со официјалните наоди што укажуваат дека тој се самоубил во неговата затворска ќелија, објавени од официјалните лица во август. Тој е приватно најмен од семејството на Епстин.

992
ФОТО: EPA / JASON SZENES

Причина за смртта на продуцентот Џефри Епстин наверојатно е убиство, а не самоубиство, смета патологот форензичар Мајкл Бејден.

– Некои од повредите на Епстин имаат повеќе знаци на убиство со задавување, отколку на самоубиство – гласи неговото мислење.

Бејден, кој 1970-тите накусо беше прв форензичар одговорен за Њујорк, сега е приватен вештак. Учествувал и во неколку случаи каде свој удел имаа славни личности, како оној на О.Џ. Симпсон.

Неговото стручно мислење противречи со официјалните наоди што укажуваат дека тој се самоубил во неговата затворска ќелија, објавени од официјалните лица во август. Тој е приватно најмен од семејството на Епстин.

Самоубиството првично го оспори братот на Епстин – Марк, кој и го најми Бејден за второ мислење.

Мултимилионерот Џефри Епстин беше осуден за трговија со малолетни девојчиња и престапи од сексуална природа.

ФОТО: EPA / JASON SZENES

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...