Пресврт во процесот против Харви Вајнстин

Тимот на одбраната на продуцентот го води њујоршкиот адвокат Бенџамин Брафман, кој го советуваше Доминик Штрос-Кан.

1504

Харви Вајнстин и неговата наводна главна жртва биле во интимна врска со години после случувањата наведени во тужбата, тврдела одбраната на американскиот продуцент, поткрепувајќи го тоа со електронски пораки што си ги разменувале.

Таа жена била единствена која според обвинението е силувана, а другите две биле напаствувани. Според нејзиниот исказ, случувањата се од март 2013 година.

Во жалба за поништување на постапката, која има повеќе од 150 страници, адвокатите на Вајнстин посочиле делови од коресподенција меѓу обвинетиот и наводната жртва, кои, истакнале, сведочат за непрекината љубовна врска што траела најмалку до 2017 година.

„Јутарњи“ пренесува дека некои мејлови биле испратени неколку недели по случувањата наведени во обвнинанието и покажувале дека жртвата повеќе пати барала да се сретне со Харви Вајнстин.

– Се надевам дека денес ќе те видам… Може да одиме на ручек ако имаш време – пишувало во некои од мејловите.

Одбраната истакнувала дека наводната жртва, чие име не се открива, се обраќала со „тон кој недвосмислено бил љубезен“.

– Се уште те сакам, но го мразам чувството да ти служам само за во кревет – напишала жената во порака од 8 февруари 2017 година.

Адвокатите на Вајнстин сметаат дека таа реченица покажува дека наводната жртва „признава дека се согласувала на интимен однос со Вајнстин“.

Тимот на одбраната на продуцентот го води њујоршкиот адвокат Бенџамин Брафман, кој го советуваше Доминик Штрос-Кан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...