Опозицискиот лидер Никол Пашанијан денес е избран за премиер на Ерменија на седница на Парламентот на таа земја после тринеделните масовни протести и политичката криза, јавуваат светските медиуми.
За него гласале 59 од 105 пратеници, а 42 биле против.
Во моментот кога Пашинијан е избран за премиер, граѓаните собрани на големиот плоштад во центарот на градот почнале да слават со извикување на неговото име и пуштале бели гулаби, пренесуваат медиумите.
По големите протести во Ерменија премиерот Серж Саргсјан беше приморан да поднесе оставка откако на таа функција се задржа два мандата. За противницитетојесимбол на корупција и непотизам.
ФОТО: јутјуб