Прераниот пубертет кај децата се јавува и пред осмата година

Раст на дојките, срамни влакна или влакна под пазувите, брзо растење и акни се првите знаци дека настапува преран пубертет.

623

Прераниот пубертет е термин кој се употребува за дете кое почнува прерано да го менува своето тело, односно, пред осмата година кај девојчињата и пред деветата кај момчињата. Пубертетот вклучува брз раст на коските и мускулите, промени во обликот и големината на телото како и способност за репродукција.

Прецизните знаци и симптоми на пубертетот вклучуваат:

Растот на дојките кај девојчињата, зголемените тестиси и пенис, влакната на лицето и продлабочување на гласот кај момчињата, срамни влакна или влакна под пазувоте, брз раст, акни, возрасни телесни мириси, се јасен знак за почеток на пубертетот без оглед на возраста на детето.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...