Преработката на „Кралот лав“ ќе има премиера во јули (ВИДЕО)

151
ФОТО: Принтскрин

Компанијата Дизни сними уште една преработка на своја класика: цртаниот од 1990-те, „Кралот лав“. Новиот филм е исто така делумно анимиран, компјутерски, но сето тоа сега изгледа многу пореалистично.

Гласовите за овој филм ќе ги позајмат: Доналд Гловер (како главниот лик Симба), Бијонсе (мајката лавица), Били Ајхнер (мунгосот Тимон), Сет Роген (дивото прасе Пумба) и препознатливиот Џејмс Ерл Џоунс како главниот антагонист – злобниот лав Муфаса.

Проектот е во постпродукција, а премиерата е закажана за 19 јули 2019 година.

ФОТО: Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...