Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната подготвителна седница донесе одлука за измени на Правилникот за начин и услови за регулирање тарифи за пренос, управување со системот за пренос и дистрибуција на природен гас.
Со измените се овозможува во периодот од 1 август до 15 октомври годинава, односно до почетокот на грејната сезона, цената за пренос на гас за ТЕ-ТО, КОГЕЛ и Елем енергетика да биде пониска до 50 проценти од реалната.
Тоа, како што кажа, се нуди заради значително намалената потрошувачка на гас во овој период од годината.