Прентовиќ: Со Законот за земјоделско земјиште се мотивираат младите земјоделци

232

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои измените во Законот за земјоделско земјиште кои гарантираат правилна, транспарентна и функционална распределба на државното земјоделско земјиште, изјави Татјана Прентовиќ, пратеничка на СДСМ.

– Овој Закон создава услови за мотивирање на младите земјоделци до 40 години кои ќе бидат ослободени од плаќање на закупнина три години од склучување и стапување на сила на договорот. Со Законот се проширува намената за доделување на државното земјоделско земјиште за поставување на пчелни семејства, што беше долгогодишнен проблем на одгледувачите на пчели – рече Прентовиќ.

Таа вели дека законот обезбедува можност за окрупнување на обработливите површини и до 10 хектари, што е предуслов за зголемен обем на производство на квалитетни и конкурентни земјоделски производи.

Прентовиќ образложи дека за да се отстрани можноста од нереалното доделување на земјоделското земјиште, Законот предвидува постапка со која се намалува злоупотребата од страна на оние кои наддават, а потоа не склучуваат договор за закуп. Тоа значи дека секој оној кој ќе понуди највисока сума, ќе има обврска да склучи договор за користење на земјиштето или во спротивно ќе плати оштета во износ на понудената годишна закупнина.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...