Премногу чистиот дом го поттикнува развојот на алергии?

Последните истражувања велат дека премалата изложеност на децата на прашина и валканост во раното детство може да го зголеми ризикот од настанување на алергии и да ја поремети работата на системот за имунитет.

434

Чистотата е половина здравје – е изрека која не следи откако ќе се родиме, но најновите откритија не ѝ одат многу во прилог затоа што потврдуваат дека премногу чистиот дом во кој престојува новороденчето ги прави децата поподложни на алергии и на астма во подоцнежниот период од животот.

Речиси е сигурно дека децата кои се од првите денови на живот изложени на алергени и на домашни бактерии имаат помал ризик дека еден ден ќе развијат алергии или отежнато дишење.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...