Премијата за „Мега милиони“ се искачи на 654 милиони долари

135

Премијата за американската лотарија „Мега милиони“ се искачи на 654 милиони долари.

Тоа е четврта најголема сума досега во историјата на САД.

Наградата последен пат во јули оваа година ја освои група играчи од Калифорнија и таа тогаш изнесуваше 543 милиони долари.

Во случај некој да ја добие премијата и се одлучи за наградата од 654 милиони долари, таа ќе му биде исплаќана во рати во период од 29 години. Добитниците имаат опција да земат и помала награда, но во готово, и таа во случајот ќе изнесува 372 милиони долари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...