Премиерот на Холандија со велосипед до избирачко место

101

Холандскиот премиер Марк Руте денеска со велосипед пристигна на избирачкото место, каде што гласаше на изборите за Европскиот парламент.

Руте направи самослик со лицата од избирачкиот одбор на гласачкото место, што се наоѓа во основно училиште во кое учел, и се ракуваше со учениците пред да замине.

Тој изјави дека на Европска Унија ѝ се потребни реформи, но наведе листа на причини зошто Холандија е зависна од ЕУ.

– Поради нашата безбедност, нашите работни места, нашиот просперитет, нашата стабилност, треба да останеме дел од Европската унија, исткана холандскиот премиер.

Десноцентристичката Народна партија за слобода и демократија (ВВД) на Руте за победа на изборите води неизвесна борба со популистичката националиситчка партија, Форум за демократија (ФВД), која се залага за референдум за холандското напуштање на ЕУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...