Премиерот Заев куртули со 87.000 денари, ама вицепремиерот Анѓушев ќе плаќа повисок персонален данок

Премиерот рече дека младите ИТ-стручњаци и инженери чии приходи најчесто се околу илјада евра нема да плаќаат повисок персонален данок..

911

Иницијативата за воведување прогресивен данок е исклучително добра, фер и праведна и ќе гарантира фер и праведно општество за сите, оцени денеска премиерот Зоран Заев.

– За воведување на прогресивен данок имаше дебата уште од денот кога е создадена оваа Влада што е претежно левичарска и сака да гради фер и праведно општество за сите. Со прогресивниот данок ќе бидат опфатени само најбогатите, односно околу еден отсто од граѓаните за кои ќе има оданочување од дополнителни осум отсто за приходите над 90.000 денари со што ќе се обезбедат дополнителни околу 25 милиони евра во Буџетот – изјави Заев.

Според него, со оваа мерката нема да биде опфатен дури ни премиерот кој има приход од 87.000 денари, како ни младите ИТ-стручњаци и инженери чии приходи најчесто се околу илјада евра.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев пак рече дека воведувњето на прогресивниот данок нема да се зададе никаков удар на економијата, бидејќи ниту еден данок не се зголемува со исклучок на пресоналниот за најбогатите еден отсто на кои припаѓа и тој.

Мерката ја оцени како апсолутно праведна и додаде дека прагот е определен по направените анализи во Министерството за финансии и оти со овој праг е зачуван интересот на младите интелектуалци во земјава.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...