Премиерот вели дека мнозинството нема да му даде трет мандат на Богов ВИДЕО

Оваа институција мора да ја држиме професионална. Разговараме за експертски решенија, не за партиски решенија, кои што и понатаму би ја чувале монетарната политика стабилна, затоа што и нас како Влада тоа ни е од голема важност за да можеме да ги креираме другите економски политики, истакна Заев.

1395

На прашањето, дали ќе биде поддржан предлогот на претседателот за гувернер на НБРМ, Заев рече дека со Иванов имал состанок кон крајот на март во врска со тоа прашање.

– Знаат граѓаните дека предлагач на гувернерот е претседателот, а парламентарното мнозинство го бира. Тогаш заклучивме дека прво треба тој да разговара со актуелниот гувернер Богов дали ќе прифати. Ако прифати Богов и претседателот одлучи да го предложи, би ми соопштил мене за да разговарам со парламентарното мнозинство.

Јас за одлуката слушнав од Собранието и од медиумите. Значи немавме втор разговор, за после неговата одлука да направиме една фаза на подготовка, разговори со парламентарното мнозинство. Како за предлозите за Уставен суд, така се случи и со предлогот за гувернер на НБРМ, се информиравме од медиумите.

Јас одржав координација со парламентарната група и таа не го прифаќа кандидатот Богов за нов гувернер. И побарав веднаш средба со претседателот Иванов. Се надевам дека брзо ќе се видиме за да можеме да усогласиме став затоа што до крајот на мај треба да се избере гувернер – рече премиерот.

Заев верува дека по пат на кохабитацијата и дијалогот којшто го имаат ќе се изнајдеме решение. 

– Оваа институција мора да ја држиме професионална. Разговараме за експертски решенија, не за партиски решенија, кои што и понатаму би ја чувале монетарната политика стабилна, затоа што и нас како Влада тоа ни е од голема важност за да можеме да ги креираме другите економски политики – истакна Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...