Премиерот смета дека погресивното оданочување ќе ги подобри социјалните аспекти

Ако успееме, а тоа ќе го знаеме до крајот на септември оваа година ќе бидеме подготвени од 1 јануари да донесеме закон и одлуки социјалната помош од просечно 4.200 денари да ја покачиме на 11.550 денари, вели Заев.

157

Премиерот Зоран Заев на денешниот брифинг со новинарите рече дека донесувањето на прогресивното или фер оданочување очекува да се влијае на социјалните аспекти во државата.

– Ако успееме, а тоа ќе го знаеме до крајот на септември оваа година ќе бидеме подготвени од 1 јануари да донесеме закон и одлуки социјалната помош од просечно 4.200 денари да ја покачиме на 11.550 денари. Тоа не е покачување за 10 отсто, туку е три пати повеќе и е за насиромашните и најранливите категории. Ама притоа тие мора да прифатат работа кога ќе им понуди државата. Не може да се водат на 12 илјади денари, а да одбиваат работа. Активните баратели мора да прифатат работа -истакна Заев.

Премиерот додаде дека во дравата има ранливи категории кои социјалната помош ја добиваат од тој аспект.

– И ако тоа го успееме се создава резервоар да ја воведеме државна социјална пензија.  Во државата имаме повеќе од 15 илјади мажи кои навршиле 65 години, немаат 15 години стаж и немаат пензија. И не може државата да не се запраша од што живеат тие луѓе. Државата мора да води грижа за нив, затоа што работеле 14 години, давале свој придонес или најголем број се земјоделци кои плаќале ддв, даноции, сметки… Тоа мора да го исправиме –  кажа Заев.

Според него, целиот овој пакет мерки е целосно поврзан со транспарентноста и чесноста, која мора да ги реализира непродуктивните трошоци и да донесе штедење за да се реализираат ваквите аспекти.

– Ако успееме 60 отсто од тоа тогаш ќе постигнеме раст од 3,2 отсто, а ако реализираме 80 отсто ќе имаме раст од 4 отсто – додаде Заев.

Тој и порача на јавната администрација да работи за да има покачување на нивните плати.

– Ако не работи администрацијата ќе нема покачување на БДП, ќе нема нови работни места… – рече Заев.

Според Заев, враќањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе придонесе за подобрување на климата за инвестирање.

– Враќањето на опозицијата во Собранието ќе придонесе за нови инвестиции. Ние досега потпишавме договори за инвестирање со 10 странски компании, без еден денар потрошени за промоција во медиуми и за роуд шоа. Со 200 компании сме во преговори. ВМРО-ДПМНЕ вели дека тие ни ги донеле инвестиции. Да, точно е, дел од нив можеби биле во преговори со претходната влада. Преговарале со владата, ги снемало, па сега повторно се враќаат. Нека биде тоа заеднички успех во Македонија за сите. Дајте да го кренеме БДП -, рече Заев. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...