Премиера на претставата „Примка“ во штипскиот Дом на млади

384

Младинскиот театар при Домот на млади-Штип ќе ја има својата прва премиера утревечер во 20 часот со претставата „Примка“ или на хрватски „Клопка“. Претставата се работи по текст на познатиот Трајче Кацаров, а во неа играат Росана Бадева, Трајче Јованов и Дијана Кузмановска. Директорот на Дом на млади, Горан Трајков вели дека овој проект се реализира во соработка со заедницата на Хрвати „Либертас“-Штип.

– Ова претставува големо задоволство и соработка со хрватското здружение „Либертас“, а воедно и поставување и на младинската театарска сцена во Домот на млади, вели Трајков.

Авторот на претставата, Трајче Кацаров забележа дека ова е возобновување на младинскиот театар во Домот на млади, а дејствието се случува во таксито Примка и претставува пат кон успехот, новини и пат кон полнолетството.

– Оваa претстава мислам дека спаѓа во жанрот комедија и се надевам дека публиката ќе го најде своето задоволство гледајќи ја, посетувајќи ја и сеќавајќи се на неа. Сакам да кажам дека ова е прва претстава во новоформираниот театар на Домот на млади, вели Кацаров.

Претседателката на Здружението „Либертас“, Долорес Кашуба-Петров вели дека заедницата на Хрватите во Штип имаат одлична соработка со штипскиот Народен театар, Центарот за култура „Ацо Шопов“, а по првпат и со Домот на млади.

– Овој пат направивме една театарска претстава за млади и веруваме дека е за младината, на која останува светот. Ваквата соработка со Домот на млади треба и понатаму да продолжи и ваквите настани треба да се поприсутни, вели Кашуба-Петров.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...