Премиера на првиот македонски филмски мјузикл „Црно-бело“

135

Во Младинскиот културен центар вечерва ќе биде премиерно прикажан првиот македонски краткометражен филмски мјузикл „Црно-бело“ во режија на Сандра Ѓоргиева.

Филмот ја следи приказната на Јована, млада жена вработена во туристичка агенција која ги исполнува барањата на сите со цел да биде прифатена и признаена. Но, и покрај својата посветеност и напорна работа, Јована е непочитувана и неценета од нејзините соработници и таа на тоа се спротиставува преку музиката и танцот. Нејзината борба за почит и признание штетно влијае и врз односот со нејзината ќерка.

Улогата на Јована ја глуми познатата актерка Јелена Јованова. Покрај Јованова во филмот глумат и Јордан Симонов, Жаклина Петровска, Жарко Димовски, Дејан Лилиќ, Миа Трпезановска, Анџелина Симонивиќ, Благојчо Стојанов, Наталија Теодосиева, Ангела Стојановска, Марко Илиќ, Дритон Вејсели, Стефан петровски, Ангелина Димитрова, Христијан Поп-Симонов, Васко Костовски, Кујтиме Ахмети, Дритон Незири, Никола Колев и децата од драмското студио на „5 плус фамилија“.

Филмот е дипломски труд на Ѓоргиева која е студент на Катедрата за филска и ТВ монтажа во класата на професор м-р Лазар Секуловски и доц. м-р Владимир Павловски. Филмот е во продукција на Факултетот за драмски уметности во Скопје, копродукција „Мунлајт“ и со поддршка од Агенцијата за филм.

Сценариото, режијата и монатажа се на Ѓоргиева, додека директор на фотографија е Дарко Елек. Кореографијата е на Ирена Лозинска, композитор е Филип Стевановски, а музички текстописец Тамара Котевска. Тонската обработка е на Сашко Потер Мицевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...