Премиера на првата македонска еротска комедија „Мејкинг Оф“

650

Премиерата на првиот македонски филм во жанрот еротска комедија „Мејкинг Оф“ ќе се оджи на 6-ти септември во 20.30 часот во кино салата Синеплекс. Филмот е проект на продуцентската куќа Аурипигмент од Скопје, а е работен според сценарио и режија на Кузман Кузмановски.

„Мејкинг оф“ ќе го продолжи својот прикажувачки живот по 6-ти септември на редовниот репертоар во Синеплекс и низ кино салите ширум Македонија.

Станува збор за интригантна приказна за една девојка со тешка судбина и тројца млади луѓе кои се решаваат заедно да тргнат на патешествие – да снимат филм.

„Мејкинг Оф“ е вистинска приказна за урбаното живеење во метропола каква што е Скопје. Главни ликови се Соња, Продуцентот, Гратисот и Режисерот. Сите имаат различна мотивација – зошто сакаат да го снимат филмот. Испреплетени се во страсни врски и сета младешка енергија подгреана од асфалтот ја насочуваат во сексот. Но, дали е тоа доволно? Од филмот ќе откирете дали во тој општ галиматијас има место за љубов? “, вели режисерот Кузмановски.

Кинематографер на филмот е Марко Петрушевски, а актерската екипа ја сочинуваат Александар Микиќ, Александра Павлова, Владо Дојчиновски, Ванчо Петрушевски, Хана Менсон, Дубравка Киселички , Катина Иванова, Љупчо Бојковски, Лазе Манасков ,Пирунка Киселички, Мартин Минговски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...