Пијанистката Дуња Иванова, заедно со музичката формација „Светлост“, задутре во паркот „Ибни Пајко“ во 21.30 часот, премиерно ќе го изведат делото „Квази бурлеска“ за пијано и инструментален состав, од македонската композиторка Ана Пандевска.
Концертот е во продукција на „Слобода Филм“, со финансиска поддршка на Министерството за култура на РСМ и општина Центар, а како дел од годинешното 40-то издание на „Скопско лето“.