Премиера на „Заробено време“ во кино Фросина

108

Во организација на Културно-информативен центар Спона, во Кино Фросина во МКЦ велерва во 20 часот премиерно ќе биде прикажан филмот Заробено време.

„Заробљено време“  е филм за југословенскиот рокенрол, во режија на Милан Никодијевиќ, снимен долж цела поранешна држава, во кој најголемиот регионален музички новинар – Петар Пеца Поповиќ ја испишува својата неформална биографија, со Горан Бреговиќ, ЈУ група, Смак, Индекси, Корнелија Ковач, Влатко Стефановски, Бајага, Калиопи, Велибор Џаровска – Џаро… во главните улоги – по успехот во Белград, Загреб, Нови Сад…, конечно и во Скопје.

На премиерата, на која ќе може да присуствуваат сите вљубеници во филмот и во музиката (влезниците се симболични 100 денари), ќе се претстави и тимот кој го реализираше овој феноменален документарец, предводен од Пеца Поповиќ и Милан Никодијевиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...