Премиера на балетскиот перформанс „Метаморфоза“

53

Во Македонската опера и балет вечерва од 21 часот во рамки на „Скопско лето“ премиерно ќе биде изведен балетскиот перформанс „Метаморфоза“ по концепт и кореографија на Ивана Коцевска, на музика на Филип Глас и Иван Пенов.

Музиката на пијано ќе ја изведе Дино Имери, а на сцената ќе бидат 13 танчари. Костимографијата е на Милена Атанасова, а Сашо Алушевски е автор на фотографијата за плакатот.

Според кореографката Коцевска, „Метаморфоза“ е современ балет кој се занимава со телото како субјект на состојби и сензации.

– Кореографското интервенирање во просторот не е преку техниката и формите, туку преку нивно генерирање. Целта е да се исцртуваат различни позиции на телата кои се менуваат во него – наведува Коцевска.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...