Прелиминарни резултати: Народната партија на Себастијан Курц со најмногу гласови

193
ФОТО: EPA / JULIEN WARNAND

Според прелиминарните резултати од изборите во Австрија, Народната партија на Себастијан Курц освои 37,2 проценти од гласовите, на врото место се Социјалдемократите 22, Слободарската партија 15, Зелените 14,3, Неос 7,4.

Врз основа на 46,4 проценти преброени гласови ОВП освои 37,2 проценти од гласовите, што претставува за 5,7 проценти повеќе во однос на 2017 година.

Слободарската партија на Норберт Хофер според бројот на мандатите е најголем губитник, од 51 падна на 30 места. Зелените триумфално се враќаат во парламентот со 27 пратеници. Покрај слободарската партија најголеми губитници се и Социјадемократите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...