Утринава во 5,30 часот по локално време во Појасот Газа стапи во сила договор за прекин на огнот меѓу Израел и „Исламски џихад“, јавија утринава француските медиуми.
– Договорот за прекин на огнот е резултат на напорите на Египет, а го подржаа палестинските фракции, вклучувајќи го и „Исламски џихад“, изјави неименуван египетски висок дипломат.
Извор од „Исламски џихад“ претходно потврди дека ноќеска бил постигнат договор.
Лидерот на „Исламски џихад“, Заид ал-Накалах, синоќа изјави дека оваа палестинска екстремистичка организација има желба да се согласи на прекин на огнот, но само доколку Израел прифати одредени услови.
Израелската војска пред два дена го уби командантот на оваа организација за северниот дел на Појасот Газа, напаѓајќи го од воздух неговиот дом во Газа Сити, што предизвика одмазднички ракетни напади, но и возвратни изрелски воздушни напади, во кои за два дена беа убиени 26 Палестинци, од кои 16 екстремисти.
Од вторникот досега врз Израел од Газа се истрелани над 360 ракети и минофрлачки проектили.