Американската крајбрежна стража денеска ја прекина потрагата по членот на бродскиот екипаж, кој исчезна по избувнувањето пожар на брод кој превезуваше автомобили од Јапонија кон Хаваи.
Пожарот избувна на 1 јануари, а 16 членови на екипажот се спасени.
Засега не е позната причината за пожарот.
Во моментот на несреќата на бродот се наоѓале 21 член на екипажот.