Презентиран проектот „Развој и реинженеринг на деловните процеси за новиот интегриран даночен ИТ систем“

220
Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, заедно со тимот кој работи на проектот „Развој и реинженеринг на деловни процеси за новиот интегриран даночен ИТ систем“, денеска пред претставници на повеќе државни и јавни институции, како и правосудни органи, ги образложија целите на проектот, очекувањата и резултатите што ќе се постигнат прeку целосна имплементација на оваа значајна реформа.
– Станува збор за исклучително важен проект што е во насока на целосна модернизација и автоматизација на процесите во Управата за јавни приходи, како и приближување кон развиените даночни администрации. Реализацијата на овој проект ќе овозможи намалување на трошоците за наплата на даноците, како и подобри услуги кон даночните обврзници и кон трети страни. Идните деловни процеси поддржани од новиот ИТ систем, се поставени како сервис за даночните обврзници, институции и други засегнати страни. Преку минимална интеракција со обврзниците, овие деловни процеси ќе овозможат максимална наплата на даноците и намалување на сивата економија, рече директорката на УЈП Лукаревска.

Претставниците на државните и јавни институции, како и на правосудните органи кои беа присутни на презентацијата го изразија своето задоволство од новата реформа, како и подготвеност за соработка.

Проектот „Развој и реинженеринг на деловни процеси за новиот интегриран даночен ИТ систем“, којшто е ИПА проект Управата за јавни приходи го започна на 1 ноември 2017 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...