Презентирани резултати од еко-проектите финансирани од ФИТЕР

За овие проекти се вложени еден милион евра, од кои 250 илјади евра се средства на компании од приватниот сектор.

116

Фондот за иновации и технолошки денеска презентира девет проекти од областа на животната средина ко-финансирани преку повеќе инструменти на Фондот. На презентацијата беа претставени и ефектите и мерењата на дел од проектите од јавниот повик „О2 Предзивик“, „Комерцијализација на иновации“ и „Предизвик за млади истражувачи“.

Јован Деспотовски, директор на ФИТР истакна дека за овие проекти се вложени еден милион евра, од кои 250 илјади евра се средства на компании од приватниот сектор.

– Не велам дека овие девет проекти ќе го решат проблемот со загадувањето во нашата држава, меѓутоа дава придонес. Една симбиоза, коалиција на меѓународни организации, домашни невладини организации, домашни компании и ученици заеднички седнаа и се обидоа преку креативно решение да стигнат можеби не до целосно решение на глобалниот проблем, но да придонесат во решавањето на проблемот. И најмладите луѓе доколку им се даде соодветна шанса и поддршка можат да понудат решенија – рече Деспотовски.

Тој упати апел до сите државни институции, организации, поединци наместо да бараат кој е виновен за настанатата ситуација со аерозагадувањето, да направаат обид и да преземаат некаква акција секој во својата област на надлежност за да се најде решение.

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули рече дека денеска во Европа, а и новата Европска комисија како белег го има новиот Зелен договорво кој еден од главните компоненти како да се подржат иновациите и како со проектот Зелен хоризонт 2050 во вредност од 11 милијарди евра да се поттикнат млади луѓе, универзитетите, науката да нудат решенија за заштита на животната средина и справување со климатските промени.

Претставник на „Венито“ ги сподели мерењата и ефектите од употребата на нивните електрични велосипеди со филтри за прочистување на воздухот, кој е изработен од тим на студенти од Машинскиот факултет.

– Нашиот производ претставува еко-транспортен систем, односно интелигентен транспортен систем на електрични велосипеди во градски урбани средини. Содржи систем за наплаќање, систем за следење, систем за заклучување, станица за полнење на велосипедите поделено во зонски сегменти на плаќање, филтри за воздух кои независно дали е електричен велосипед или е обичен може да се вградат на било кој велосипед кој што всушност го прочистува воздухот додека ја користат енергијата што ја создале и апсорбираат во себе ПМ10 честички. Базирано на пресметки, со сигурност можеме да потврдиме дека користењето на филтрите вградени во велосипедското тркало би апрсорбирале ПМ10 честички колку што испуштаат минимум два автомобили дизел – рече претставникот на на „Венито“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...