Пред да почнете да јадете јајца, обрнете внимание на бојата на жолчката

Во повеќето случаи, бледата боја на жолчките е показател за низок квалитет на јајцата и послабо здравје на кокошките кои ги несат.

889

Пред некои 100 години, научниците откриле дека бојата на жолчката на јајцето се одредува според бројот на каротеноиди што ги содржи. Тоа се антиоксиданси кои помагаат во формирањето на витамин А, кој пак помага да се подобри состојбата на нашите коски. Оттука, колку е побогата бојата на жолчката, толку повеќе здрави хранливи материи таа содржи.

Бојата на жолчката директно зависи од тоа како се хранела кокошката. Ако нејзината исхрана се темелела исклучиво на житарки, тогаш жолчката ќе биде со бледо жолта боја. Ако нејзината исхрана содржела пченка, билки и инсекти, тогаш бојата ќе има и повеќе од еден тон портокалово во жолчката.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...