Пред врската со Роналдо работела како чистачка: Како животот на Георгина се промени од корен! ФОТО

Денес нејзиниот живот изгледа како сон, но патот кон успехот не бил едноставен. За сè што има, Георгина се изборила сама.

415
ФОТО: Инстаграм

Помина многу време откако на Георгина Родригез (25) гледавме како на девојката на Кристијано Роналдо. Со години била мистериозна црнокоса за која не се знаело баш многу, но со преселувањето на Роналдо во Италија, Георгина започна да чекори на патот кон успехот.

Нејзиното момче по доаѓањето во Јувентус ги освои срцата на играчите, а Георгина успеа да ги придобие Италијанките. Со 10 милиони следбеници на Инстаграм, таа е една од кралиците на Серијата А, а неодамна потпиша импозантен договор и е претставена како заштитно лице на познат бренд за долна облека и костими за капење. Денес нејзиниот живот изгледа како сон, но патот кон успехот не бил едноставен. За сè што има, Георгина се изборила сама.

Танцувањето е нејзината прва љубов
Родена е на 27 јануари 1994 година во Буенос Аирес, а со родителите се преселила во шпанскиот град Јаца каде нејзиниот татко отишол поради фудбалот. И тој бил фудбалер, но не стигнал подалеку од втората аргентинска лига, додека Џорџина на 4 години ја открила својата голема љубов, танцувањето.

– Не бев многу убаво дете. Сигурно не бев најубавата во одделението. Едноставно, се чувствував нормално. Танцот ме научи на дисциплина и љубов кон уметноста – раскажа Џорџина која вложувала часови, денови, месеци и години.

„Не постои момент во кој одлучив да станам модел. Подоцна во училиште започнаа одеднаш да ми велат дека сум убава, дека имам добро тело и почнав и самата да верувам во тоа.“

Во Англија чувала деца и чистела
Набрзо добила прилика во Мадрид, но немала пари да го следи својот сон. Поради тоа одлучила да отпатува за Бристол, го усовршила англискиот јазик и се вработила како au pair.

– Бев чистачка, ништо не ми беше проблем – рекла искрено Џорџина.

Кога собрала доволно пари, се вратила во Шпанија. Во Мадрид живеела со својата сестра која студирала, но немала доволно пари. Но, имала голема желба за успех и совршени пропорции на телото (85-62-90). Поради тоа се вработила како продавачка во продавница на „Гучи“ во Мадрид. Токму тоа ѝ го променило животот.

За време на нејзината смена во продавницата влегол Кристијано Роналдо, а токму таа му асистирала при шопингот. Потоа, Роналдо секогаш барал таа да му помага секој пат кога ќе доаѓа на шопинг во продавницата.

Роналдо и Георгина со месеци биле во врска, а потоа таа останала бремена, па се родила нивната ќерка Алана Мартина. Двојката сега одгледуваа четири деца (најстариот син на Роналдо, Кристијан Јуниор, и близнаците Ева и Матео).

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...