Предлог – законот зa урбанистичко планирање оди во Собрание

293

Владата на денешната седница го утврди Предлог – законот зa урбанистичко планирање со кој се предлага на подобар и поефикасен начин да се уреди системот на просторното и урбанистичкото планирање, целите и начелата на планирањето и уредувањето на просторот, видовите и содржината на урбанистичките планови, условите за вршење на работите од областа на урбанистичкото планирање и постапките за изработување, донесување и спроведување на урбанистичките планови заради социјалната, економската и еколошката одржливост на човечките населби.

На седницата е усвоена и информацијата за ставање во функција на новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) со кој се овозможува имплементирање на безбедно, интероперабилно информатичко решение во согласност со стандардите на Светската царинска организација и ЕУ.

Помина и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности чија цел е подобрување на деловната клима во земјава. Според Владата, поголемиот квалитет на запишаните податоци во Катастарот и зголемениот процент на запишаните права ќе ја зајакне довербата во јавната книга и ќе придонесе за транспарентноста на институцијата како јавен сервис на граѓаните.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...