Предлог законот за инспекциски надзор пред пратениците

За Предлог законот за инспекциски надзор расправа Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

72

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците организира јавна расправа по Предлог законот за инспекциски надзор.

Законодавно – правната комисија пак ќе ја одржи 144. седница на која на дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за работни односи во второ читање, измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување во прво читање и Предлог националната програма за железничка инфраструктура за периодот 2019-2021 година. По оваа седница Комисијата треба да ја продолжи 130. седница на која преостаната точка е Предлог законот за практиканство во второ читање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...