Украинскиот претседател Володимир Зеленски попладнево објави декрет со кој ги закажа предвремените парламентарни избори во Украина за 21 јули.
Распишувањето на изборите следи по денешните консултации на Зеленски со претставници на пратеничките групи во Врховната рада.
По консултациите, советникот на Зеленски, Андриј Богдан, соопшти дека изборите би можеле да се одржат на 21 јули, бидејќи тој датум бил најприфатлив за пратеничките групи.
Зеленски вчера го распушти украинскиот Парламентот, откако претходно положи заклетва за стапување на претседателската функција.